Николовски: Кој не почитува закон, ќе се соочи со закон
Управните одбори не ќе можат да имаат повеќе од пет члена, а сите тие мора да имаат професија блиска до таа позиција. Ќе се изработи единствен регистер на службени возила и тие не ќе можат да се користат во приватни цели или ако сопствени. Тие што нема да почитуваат закон ќе се соочат со закон – се дел од најавите на вицепремиерот Љупчо Николовски кој денес со премиерот Зоран Заев го презентираше планот за борба против корупцијата за кој, како што најавија, добиле предлози и од странски амбасади и други адреси.
-Владата и граѓаните се на иста страна во борбата против корупцијата, изјави Заев откако соопшти дека владата го има усвоено планот за борба за корупција.
-По одржаната онлајн седница усвоен е планот за борба за корупција два месеци по објавата на планот „Акција 21“ . Затоа воспоставиме јасни механизми и граѓаните и медиумите да зборат јасно и гласно за да се воспостави ред, правда и дисциплина. Сериозно ги примивме забелешки на „Транспаренси Интернешнел“ и ги вградивме во овој план. Владата и граѓаните се на иста страна во борбата против корупцијата. Планот има за цел за спречува корупција во актуелната власт, но и да ги открива инсталациите на предходен режим. Тие ја одгледуваа и всадија корупцијата насекаде за да им биде простено за нивните злодела, епа нема да им биде простено зошто тоа го имаат направено смислено. За ваквите злодела на тогашна власт денес за преставници на опозиција се водат судски постапки, порача Заев најавувајќи демонтажа на “режимските остатоци”.
– Ги охрабруваме граѓаните и медиумите да зборуваат јасно и гласно, бидејќи тоа придонесува за ред и дисциплина. Сериозно ги земавме предвид забелешките од последниот извештај на Транспаренси Интернејшнл и ги вградивме во овој план. Ги елиминиравме пречките и ќе имаме функционален систем во борбата против корупцијата. Тие ќе го санкционираат секој тип на корупција без исклучок. Планот има за цел да спречува корупција на власта, но и да ги открива коруптивните инсталации на режимското владеење. Овие го попречуваат функционирањето на системот, вклучувајќи го и правосудството. Дојде време во целост да се ослободиме од режимските остатоци. За ваквите злодела против претходната криминална власт денес се водат судски постапки, а додека тие одговараат, ние продолжуваме со демонтажа на нивните остатоци во системот. Правдата е тука, секој ден по рочиштата и низ судниците. Додека тие се бореа да нема правда, ние почнавме со активна транспарентност. Нема враќање назад, воведовме ред и домаќински однос кон трошењата, го отворивме трезорот, а граѓаните можат да ја следат секоја трансакција. За кус период ги очекуваме и новите веб страни кои ќе бидат услужно ориентирани. Нашата Влада е на прво место во регионот по отвореност и транспарентност – рече премиерот.
Тој најави целосна дигитализација на Јавното обвинителство што ќе го забрза решавањето на предметите.
-Нема веќе предмети во фиоки. Секој предмет мора да има брза разрешница. Се воспоставува електронски систем за инспекција, Е-инспектор, а со овој систем се елиминира субјективниот пристап во водењето на предметите. Воведуваме целосно дигитализирање на трите книги од Управата за матични книги. Наскоро ќе следува и укинувањето на вадењето изводи. Го подобруваме и системот за укажувачи, со цел да ги заштитиме укажувачите. Ја подигаме свеста кај граѓаните и ги охрабруваме да пријавуваат случаи на корупција. Ако некој граѓанин не е соодветно услужен или е повлечен во корупција, тогаш службеникот ќе биде пријавен и ќе биде казнет. Граѓанинот е секогаш на прво место, а ние сме тука за да служиме – рече Заев.
Николовски дополни дека при склучување брак наместо три пати да се оди до Управата за матични книги, отсега ќе се оди само еднаш.
– Вака значително ќе се скрати времето за чекање и ќе се забрзат постапките што ги водат граѓаните, како и ќе се елиминира евентуалната корупција. Едногласно е усвоен Планот за борбата против корупцијата. Рековме дека оваа година ќе биде антикорупциска и така постапуваме. Ова се храбри политики за враќање на довербата на граѓаните кон институциите и во оваа област граѓаните набрзо ќе ја воочат разликата. Планот е подготвен врз основа на сите совети од јавните институции, од независните регулаторни тела, а содржи нови начини за спречување на корупцијата. Донесовме нов етички кодекс на однесување со кој се одредува начинот на работење на сите носители на извршни функции именувани од Владата. Досега над 300 функционери го имаат потпишано кодексот и спроведена е обука кај дел од функционерите. Транспарентно се објавени имињата и веќе се спроведува тестот за интегритет преку кој ќе се утврди ризикот од корупција. Во функција е новиот национален регистар на вистински сопственици за сите фирми и нема да може да ни се случат нови „белизиња“ и „панами“. Го подигнавме нивото на отчетност и тоа е главна одлика на Владата. Сите министерства и сите општини ги задолживме да ги објавуваат сите информации на своите веб-страници. Тие имаат обврска за објавување на 22 различни типови на документи пред граѓаните. Го подготвивме овој план и очекуваме резултати на краток, но и на долг рок. Содржи системски мерки и конкретни задолженија за министерствата и интитуциите – рече Николовски.
Запрашан во врска со случајот за бегството на Мијалков, Заев одговори:
– Имавме успешна акција за натерување на беглецот да се пријави пред органите на прогонот. Истрагата мора да се спроведе до крај дали некаде затаил системот, дали има одредени слабости, дали кај институциите под извршната власт или во правосудството. Со тоа се надеваме дека ќе извлечеме поуки и ќе видиме каде се слабостите со цел нивно отстранување.
Тој напомена дека овој случај ги охрабри граѓаните дека е можна правда. Имало милион шпкулации во минатите години од секаков можен карактер, државата била 11 години под режим за сомневање за украдени стотици милиони евра, а истите „бушат“ системи.
– Овие пари предизвикуваат корпуција, рушат секакви системи, а дури и цели држави. Ние успеавме вакви процеси кои беа отворени од СЈО да ги придвижиме кон завршница, односно да се создадат услови да се завршат самите предмети. Денеска задволството кај мене, кај целиот наш народ е големо, кога има успешни завршници – рече Заев.
Сумирано кажано, планот на Владата против корупцијата содрши вкупно 15 точки коишто предвидуваат конкретни мерки, законски измени и нови механизми кои им се ставаат на располагање на граѓаните и антикорупциските институции за поефикасна битка со криминалот и корупцијата. Во него стои дека Oбвинителството ќе се дигитализира за да се забрза процесуирањето на пријавите, за да не се случи предметите да стојат во фиока. Промени следат и во Управата за водење матични книги на родени, со што сите документи ќе се вадат онлајн. Во план е и зајакнување на регулативата за укажувачите, со цел да се зголемат пријавите за противзаконски постапувања. Укажувачите ќе бидат подобро заштитени, а сите институции ќе мора да назначат овластено лице за прием на пријави доставени за постоење евентуална корупција.Со планот е предвидено е електронско поврзување на сите антикорупциски институции на една платформа, поврзување на инспекциските служби, единствен регистар за државна помош, нова стратегија за финансиски истраги и конфискација на имот.
Во план се и мерки за подобрување на работата на јавната администрација, единствен регистар на службени возила, кол-центар за корупција и ненавремено постапување, законски измени за навремено откривање на корупција, како и задолжување на сите институции да подготват годишна програма за антикорупција. Наскоро ќе има унифицирани веб-страници на министерствата кои ќе бидат услужно ориентирани и според највисоките стандарди за транспарентност, како и електронски систем за инспекција ‘Е-инспектор’ кој овозможува електронско поврзување и работење на сите 28 инспекциски служби под јурисдикција на Инспекцискиот совет. Николовски најави и измени на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.