Николоски: Коалицијата на Заев и Мијалков се потврди
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, одржа прес-конференција во која ја обвини власта за бегството на Сашо Мијалков. Тој рече дека најавената коалиција меѓу Заеви и Мијалков, сега станала вистина.
„Наградата стигна овој викенд, на тој начин што му се овозможи да избега од правдата. Во овој момент имаме бегалец од правдата. Спасовски молчи, Шекеринска ја нема никаде, а Заев ја префрла вината“, рече Николоски.
Тој побара одговорност од власта, и исто така побара 24 часа да го обезбедат Мијалков.
„Со Македонија владее крими коалиција. Затоа очекуваме во следните 24 часа да го обезбедат бегалецот од правдата“, вели Николоски, иако кажа дека не очекува да го сторат тоа.
„Очигледно е дека има договор, во услови кога му се овозможува да избега, или да се преговара по кои услови би се предал. Така што не очекувам да го обезбедат. А, оваа влада треба уште денеска да замине“, рече Николоски.