Николоски ја критикувал владата кај кардиналот Паролини во Ватикан


Во рамки на својата работна посета на Рим и Ватикан, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, како што соопштија од партијата, ја посетил црквата Св. Петар, а имал и аудиенција кај кардиналот Пијетро Паролони, државен секретар на Ватикан.
Со кардиланот Паролини, кој е прв човек на политичките и државни операции на Ватикан, потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ разговарал за односите помеѓу партиите со десничарска и христијан-домкратска орентација и Ватикан, при што биле потврдени односите на највисоко ниво.
-Во свет кој е нападнат од левичарскиот поглед на светот, задржувањето на традиционалното семејство, слободата на економијата, борбата со пороците на модерниот свет се приоритет – се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ за средбата на Николоски, кој бил дел од дел од делегација на Центристичката демократска интернационала ( ЦДИ) .

Николоски исто така ги поздрави напорите на кардиналот Паролини папата Франциско за соработка и блиски односи со православната црква. Николоски се заблагодари за посетата на Македонија и побара Ватикан во своите можности да се залози за признавање на Македонската православна црква.

Во однос на Македонија и ВМРО ДПМНЕ Николоски ги нагласи одличните односи со Ватикан кои датираат усте од формирањето на ВМРО во 1893, битката за независна црква како и улогата на македонскиот национален херој Гоце Делчев.Во рамки на посетата на Ватикан и средбата со кардиналот Паролини, Николоски информираше и за состојбите во Македонија, потфрлањето на Владата на сите полиња особено во делот на растечката корупција, назадувањето на економијата, нарушениот систем на владеење на правото. Николоски ја истакна потребата од брзи предвремени избори по кои стручен тим на ВМРО ДПМНЕ би ја водел Владата и би ја отворил перспективата на Македонија за брз економско раст и стабилен политички систем со силна борба против корупцијата – се наведува во партиското соопштение.

Било заклучено дека граѓаните не смеат да бидат жртви на неуспесите на Заев и дека Македонија заслужува да почне преговори со ЕУ.