Николоски го нарече Пендаровски „дволична личност“


 

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, продолжува од сите орудија да го напаѓа пефот на државата и претседателски кандидат, Стево Пендаровски. Синоќа во Гевгелија го нарече „дволична личности човек којшто за себе обожува да вели дека е чесен и дека не е корумпиран, но истиот овој којшто глуми чесен и некорумпиран еден месец одбегнува да одговори на прашањата коишто му ги поставувам. Стево Пендаровски е извор и поддржувач на корупцијата во Македонија и е далеку од чесен човек“.

Тој тврдеше дека Пендаровски освен на пропатување за на одмор во Грција, во Гевгелија не стапнал овие 5 години. „Дај боже да грешам, ама мислам дека е така. Мислам дека 5 години ве заборавил и мислам дека 5 години не стапна овдека и единствено по што ја знае Гевгелија е веројатно брзата лента која што му ја ставаат тука на граничниот премин Богородица за да може побрзо да се спушти на море“.

Николоски греши, затоа што Пендаровски беше во Гевгелија лани во јануари, посети неколку организации и здруженија и се прошета низ градот.