Николоски: Ако СДСМ оди на избори со волку заразени, ние нема да одиме


Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното гостување во отвореното студио на 24 анализа го повтори ставот на неговата партија дека нема да одат на избори по цена на човечки животи и загрозување на здравјето на граѓаните.

„Ќе не доведе во ситуација која излегувањето на избори значи ризик по граѓаните и тоа ќе доведе до очајна излезност. Не знам зошто да не се помести тоа за месец или два. Ние побаравме крајот на август и почеток на септември“ – вели Николовски.

Тој вели дека партијата сака да излезе со програма пред граѓаните и појасни дека по бројот на мртви, Македонија води во регионот и тоа зборува колку лошо властите се справуваат со кризата. Тие се за избори утре, ако би знаеле дека нема да имае вакви бројки, вели Николовски.

„Ние со вакви бројки, го гледаме Заев како притиска за избори. Ако планираат на 21 јуни да одат на избори со вакви бројки, ние нема да одиме, нека им е со среќа“ – рече Николовски.

Тој рече дека најдобро е кога две недели би немало новозаразени или починати. Но, со овие бројки тоа е невозможно, а Заев се надева на брзи избори зошто се надева на ниска излезност. Тој потсети на аферата со давањето на оставка на Ден Дончев за примањето на дополнителни сретства и дека ваква афера се случува среде кризата.

„Во вакви услови, првиот човек од здравствениот систем размислувал на криминал“ – рече Николовски.