Никола Груевски издаде книга, промоцијата ќе биде на Саем на книга


Поранешниот премиер кој е во бегство во Унгарија, Никола Груевски преку Фејсбук информираше дека неговата книга е готова и дека ќе биде достапна на годинешното издание на Саемот на книгата.

Со наслов „Искуство за иднина“, а во издание на издавачката куќа „Ѓурѓа“ книгата е всушност неговиот докторски труд на тема : „Економските ефекти на различните видови на меѓународни текови на капитал со посебен осврт на Република Македонија“ одбранет во јули 2018 година на Економскиот факултет при универзитетот „Св. Ки­рил и Методиј“ во Скопје.

„Мојата нова книга, излегува од печат преку издавачката куќа Ѓурѓа. Од утре, среда, 8-ми мај на саемот на книгата, а од петок и во тврдиот повез. Во септември и англиска верзија“, напиша Груевски на Фејсбук.