Никола Божиновски е нов претседател на Советот на Општина Бутел


Д-р Никола Божиновски денеска е избран за нов претседател на Советот на општина Бутел, соопштија од Општината.

Во соопштението до медиумите се посочува дека д-р Никола Божиновски е специјализант во ЈЗУ “Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија”, како и дека живее во Бутел 2 и добро ја познавал „душата на општина Бутел“. Божиновски работеи и како матичен лекар во Бутел.

Градоначалникот Дарко Костовски упати честитки за неговиот избор за претседател на Советот на општината и истакна дека Бутел се гордее со вредни и посветени личности како д-р Никола Божиновски. Градоначалникот изрази уверување дека соработката со новиот претседател ќе се зајакне и продлабочи, во интерес на сите граѓани на општината.

Истовремено, градоначалнкиот упати голема благодарност за одличната соработка со досегашниот претседател на Советот на општината д-р Игор Николов, кој ја презеде функцијата амбасадор во Француската Република се вели во соопштението до медиумите.