Никол летува сама на Капри


 

Несудената бугарска снаа Никол Шерцингер повторно го избрала островот Капри за нејзиниот одмор. Овој остров редовно го посетуваше со поранешното момче, бугарскиот тенисер Григор Димитров. Токму пред две години тие беа заедно на овој остров. Папараците ги снимија во прилично непријатни моменти на плажата. Парот тогаш беше во кулминација на љубов и не се грижеа за интимизирање на плажа како што тоа го прават тинејџерите.

Иако Никол сега летува сама, таа постојано наоѓа забави на луксузните јахти

Во неколку наврати таа изјави дека од минатата година е подготвена за следната и одговорна фаза во нејзиниот живот – да биде мајка. Но засега не се знае со кого ќе го дели брачниот живот.