Никол Кидман во „Ел“ : Жените во Холивуд не се плашат


САД- Ноемвриското издание на „Elle“ е во знакот на силните жени од Холивуд, од сите генерации кои импонираат со изгледот, кариерата и не потклекнуваат на предизвиците кое ги носи новото време.

Фустан „Валентино“

Никол Кидман (52), кантри ѕвездата Доли Партон (73), Гвинет Палтроу (47), Скарлет Јохансон (34), Натали Портман (38) и Зендаја (23) позираат за специјалните фотосесии, облечени во дизајнерски парчиња.

Костум „Ралф Лорен“

Кидман, е актуелна со филмот „Бомбшел“, контроверзната драматизација на Џеј Роуч за настаните околу падот на озлогласениот мозок позади „Фокс њуз“, Роџер Аилс.

Доли Партон

Со премиера закажана на 20 декември, во филмот Кидман ја глуми Гречен Карлсон, чија тужба за сексуално вознемирување во 2016 година започна да ги врти тркалата што на крајот ги турна Аилс од врвот (Аилс во филмот е портретиран од Џон Литгоу).

Во „Elle“ откри дека постои апетит за раскажување приказни за жени постари од 40 години.

Гвинет Палтроу

„Пред дваесет години, бевме прилично уплашени од оваа фаза во нашите животи“, рече таа. „Сега веќе не е така, докажавме, а и многу други докажуваат, дека сме енергични, моќни и способни”.

Како мислите како се менува начинот на кој зборуваме за убавината?

-Мислам дека споделуваме многу повеќе. Не е веќе тајно , на пример „Излегувам од куќата и изгледам вака  (комплетно средена)”, како во педесеттите или шеесеттите години. Сега е повеќе „Што користите? Што е најново? Ве молам кажете ми!” и секој споделува, што е навистина корисно за жените. Мислам дека тоа го менува начинот на кој гледаме едни со други. Сега сме среќни што можеме да старееме – а сепак да старееме навистина добро – но сите треба да бидат многу отворени за тоа.

Натали Портман

Во врска со стареењето, какво е вашето мислење за терминот „анти-стареење“?

– Како што старееме, сепак можеме да изгледаме добро, да бидеме здрави и енергични и привлечни. Мислам дека тоа е она што секое човечко суштество го сака. Никој не сака да изгледа како некој да го исцицал животот од тебе. Јас само велам дека станува збор за грациозно стареење – затоа што може да биде забавно!

Скарлет Јохансон

Какво влијание има движењето врз Холивуд за прифаќање на стареењето?

-Јас сум во позиција на актерка каде што ги сакам замаглените линии, затоа што ќе морам да играм помлада, да играм постара и да играм улога на моја возраст. Мажите секогаш мора да го сторат тоа, и ние сега сме во позиција каде што се обидуваме да го изградиме тој пат и за жените. Сѐ уште е тешко да ги убедиме кастинг агентите и продуцентите да ни дозволат да го сториме тоа, но сега е многу полесно од пред тоа. Мислам дека и други жени викаат „Не, сакам да видам жени со кои можам да се поврзам, со кои сум пораснала, а не само да бидам занемарена. Сакам да ги видам како постигнуваат успеси и одат само напред”.

Во врска со мене, јас работев уште од мои 14 години, па имам луда, интимна врска со обожавателите, во смисла дека тие го следеле мојот живот, ги виделе моите падови, ги виделе моите подеми – ме виделе како поминувам низ толку многу и дека сѐ уште сум тука. Тоа е навистина возбудливо. И кога излезе „Големи мали лаги“, поддршката од другите жени беше навистина прекрасна. Актерките на моја возраст не исчезнуваат туку-така, ние всушност имаме можности да преземаме ризици. Тоа прави да се чувствувам многу благодарно, вели Кидман.