Никогаш заборавени: На денешен ден убиени Бошко и Адмира, сараевските Ромео и Јулија
Пред точно 26 години, младиот пар од Сараево, Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ, беа убиени при обидот да го напуштат опколениот град.
Овој млад пар во обид да избега од злото и лудилото што ѝ се случувало на нивната земја се убиени на мостот „Врањ“.
Млади и заљубени, иако од различна вера и националност, во време кога тоа било невозможно тие подготвувале венчавка и бегство од неподносливата реалност.
Тој кобен мајски ден во попладневните часови, во надеж дека ќе избегаат од Сараево се убиени од снајпер и прегрнати останале да лежат со денови на сараевскиот асфалт бидејќи никој не се осмелувал да ги помести оттаму.
Седум дена по нивната смрт, српската војска ги извлекла телата и ги погребала во Лукавац, а по завршувањето на војната, по барање на родителите на Адмира, нивните посмртни останки биле префрлени на гробиштата Лав во Сараево и заедно се погребани.
За нив се снимени неколку документарни филмови. „Забрањено пушење“ ја снимиле песната со име „Бошко и Адмира“, а истото го сторил и пејачот Бил Маден.
Опсадата на Сараево беше завршена на 29 февруари 1996 година по 1.425 дена. За тоа време од околните ридишта на Сараево дневно паѓаа по 330 гранати, а на 22 јули 1993 година на жителите биле испукани рекордни 3.777 гранати. За време на опсадата страдале 10.000 луѓе, помеѓу кои 1.500 деца, а градот останал без вода, храна и струја.