Никако во ист тим: Хороскопски знаци кои не се поднесуваат


Хороскопскиот знак на кој припаѓате, секако, не ги диктира сите аспекти на вашиот живот, но некои карактеристики ни се запишани во ѕвездите.

Како се согласуваме со другите луѓе има врска и со нашето место во Зодијакот.

Овие хороскопски знаци не се поднесуваат и не можат да функционираат заедно.

Близнаци и Близнаци
Две слични личности, помножени по 2 – тоа е ситуација на работ на конфликт. Кога имате двајца Близнаци, имате две можни ситуации – доживотни најдобри пријатели или непријатели. Кога станува збор за Близнаците, нема сива зона.

Скорпија и Водолија
Станува збор за две сосема спротивни личности, со различни сфаќања и желби. Ваквата комбинација често може да се соочи со бројни потешкотии во склопувањето, кои можат да дојдат до израз поради различни интереси, размислувања, ставови, желби и потреби. Водолиите се толку опуштени, отворени и чудни што ги излудува Скорпиите.

Вага и Овен
Иако Вагите не се толку слободоумни како Водолиите, тие имаат тенденција безгрижно да ја чуваат „главата во облаци“. Во нивниот свет сè е убаво, а рамнотежата е клучна. Единствениот знак со кој Вагата може да дојде во конфликт е Овенот. Судирот на личности – воздушниот знак кој сака да го задржи мирот против тврдоглавиот огнен знак кој е секогаш во право – практично е војна од светски размери.

Лав и Бик
Лавот и Бикот би можеле да направат одлична двојка бидејќи спротивностите се привлекуваат, но тешко им е да создаваат пријателства. Потребата на Лавот да биде лојален е во спротивност со потребата на Бикот да направи сè што е потребно за да го добие она што го сака.

Рак и Риби
И Рибите и Раковите се многу чувствителни па логично е дека би биле добри пријатели, но тоа не е точно и не е применливо во пракса. Иако и двата знака се емотивни, тие ги покажуваат своите емоции на поинаков начин и воопшто не можат да најдат заеднички јазик.

Овен и Овен
Полоша комбинација од двајца Близнаци се двајца Овни. Кога и двајцата се тврдоглави во односите и не сакаат да отстапат од своите ставови, тоа е вовед во катастрофа.