Премиерот Зоран Заев ја смени донекаде реториката во обраќањето кон Бугарите како „браќа“, велејќи дека тие одеднаш посакале да ни бидат татковци.
„Изградивме пријателство дома и со целиот свет и навистина сме земја која важи за пример на градење на пријателство и нашиот народ е пријателски народ. Тоа веројатно и на Бугарите им е јасно, ние немаме претензии, ние не се закануваме никому и градејќи го тоа пријателство градевме добрососедство и соработка со Бугарија. Тргнавме да станаме браќа и се движевме кон атмосфера да станеме браќа. Многу често сум употребувал мој наратив заради искрената потреба да имаме одлична соработка, но тие наеднаш решија татковци да ни станат и тука е проблемот“, изјави Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5.
Тој уште ги повтори познатите ставови дека македонскиот јазик и идентитет никогаш не биле дел од преговорите со Бугарија.