Ние работиме со тело, ни треба допир: Магијата на танцот во Скопје (галерија)


Фото: Б. Грданоски

Танцот, уметничкиот изразен танц, по својата форма е во конфликт со подразбирањето на понатамошната комуникација според сите можни аспекти кои ни се предочуваат. Ние работиме со тело, ни треба допир, ни изјави во интервјуто за nezavisen.mk Рисима Рисимкин, почитуван кореограф, токму на Светскиот ден на танцот, во април.

Фото: Б. Грданоски

Танцот постои од праисторијата и секако ќе опстане. Како? Ќе видиме. Сметам дека зборовите кои Грегори Вујани Маќума, кореограф од Јужна Африка, потписник на годинешната интернационалана порака по повод Светскиот ден на танцот, е одличен приказ на моментот во кој живееме.

Фото: Б. Грданоски

Тој вели: „Живееме во моменти на незамисливи трагедии, време кое најдобро можам да го објаснам како пост-хумана ера. Повеќе од било кога, потребно е да танцуваме со цел, да го потсетиме светот дека човечноста навистина постои“ ,рече во интервјуто Рисимкин.

Фото: Б. Грданоски

„Танц фест Скопје“ по одлагањето во април, сепак доживеа есенско, скратено  издание. Синоќа, под мотото „Потрага по допир“, стартуваше на отворената сцена во парк МКЦ, а ќе трае и вечерва. Публиката синоќа уживаше (а и вечерва) во голем број авторски претстави на македонските кореографи Адријана Данчевска, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Валентино Апостоловски, Ивана Коцевска, Дејан Битровски, Валентино Апстоловски, Ивана Балабанова, како и апсолвентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Бобан Русески, Тереза Лазарев и Сара Цветковска.

Фото: Б. Грданоски

Дел од танцовиот маратон, со кој се одбележува 30-тиот јубилеј на македонската современа сцена, ќе бидат и реномираните американски кореографи Меган Бриџ со претставите „Consent“ и „Morphic Resonance“ и Кристина Бонансеа со „GAMER“, кои се претставуваат пред публиката во живо. Делата на Стивен Петронио, Шамел Питс и Даг Верон ќе се прикажат онлајн во рамки на фестивалот, првпат како дел од програмата ФОКУС:САД.

Фото: Б. Грданоски

На фестивалот првпат ќе биде прикажан и првиот македонски танцов филм „Дома“ на младата кореографка Адријана Данчевска, во продукција на Скопје танцов театар.

Фото: Б. Грданоски

Влезот за фестивалот е слободен, но со ограничен број на места, согласно протоколите донесени од Министерството за здравство.

Фото: Б. Грданоски

Публиката програмата да ја проследи и онлајн, преку Јутјуб каналот на Танц Фест, како и преку МРТ и локалната ВИС Телевизија Струмица. (Л.С.)

Фото: Б. Грданоски

Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски
Фото: Б. Грданоски