Ни сол, ни ризла: Германците пронајдоа поеколошки и поекономичен начин за патиштата под мраз


Фото: Б.Грданоски

 

Веќе трета година по ред во Баварија класичниот начин на одмрзнување патишта со помош на сол заменет е со преработена течност од краставички, а тоа се прави за да се заштеди на сол и да се зачува околината.

Зимската служба од крајот на 2019 година користи преработена вода од произведени кисели краставички која се збогатува додека не постигне доволен удел на сол (21% NaCl).

Веќе по тест фазата станало јасно дека преработената вода од краставички економски и еколошки е поприфатлива од обичната сол за патишта, наведува Geo.de, а пренесе Вечерњи лист.

Бидејќи водата од краставичките која содржи сол досгеа се отстрануваше преку канализацискиот систем, таа сега се шприца на патиштата.

Во посебен погон се третира, се чисти и се доставува на одржувачите на птиштата како саламура.

Баварските власти на овој начин штедат на сол и на вода, а производителот на краставички е во добивка, со оглед на тоа дека троши помалку пари за прочистување на отпадните води.