Ни короната не ги запре продавачите на пиротехнички средства

 Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Скопје денеска околу 13 часот на подрачјето на Бит-пазар го привеле И.К.(27) од Студеничани, Скопје, бидејќи кај него се пронајдени 13525 парчиња пиротехнички средства.

Против  И.К. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Истовремено и тетовската полиција откри нелегална продажба на пиротехника и петарди, запленувајќи по неколку илјади парчиња. Минатата седмица беа запленети над 41 илјади вакви материјали. Две лица се приведени попладнево кај кои се најдени над 2.000 пиротехнички средства.

Полициски службеници од СВР Битола исто така при претрес во дом на Ѓ.Ф. (38)  пронајдоа 2.404 парчиња пиротехнички средства.За настанот известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против Ѓ.Ф., кој е  приведен, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР-Битола.