Ни Хоти не оди на преговорите за Косово во Вашингтон


Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, најави дека не може да присуствува на состанокот на 27 јуни во Белата куќа.

Хоти на Твитер објави дека, поради ситуацијата предизвикана од обвинението на Специјалното обвинителство, го известил американскиот специјален претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, дека не може да присуствува на состанокот на 27 јуни.

„Поради новите случувања во Приштина поради обвинението поднесено од Специјалното обвинителство, морам да се вратам во мојата земја за да се справам со оваа состојба. Го известив амбасадорот Гренел дека не можам да присуствувам на состанокот на 27 јуни во Белата куќа”, наведе косовскиот премиер на Твитер.