Ни еден градски автобус нема да вози кај Бит-пазар, се асфалтира булеварот

Фото: Б. Грданоски
Градските автобуси кои сообраќаат по булеварот пред Бит-пазар, во четврток нема да поминуваат од странат на факултетите поради тоа што ќе се асфалтира булеварот.
Како што соопштија од Јавното градско претпријатие „Скопје“ , во четврток од 8.30 часот, до петок до 8.30 часот, поради асфалтирање на бул. „Крсте Мисирков“, целосно за сообраќај ќе биде затворена делницата во правец кон Бит-пазар, од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до клучка „Детелинка“.
Автобуските линии што сообраќаат на овој потег ќе бидат пренасочени кон Скопски саем и клучка Континентал и назад кон клучка „Детелинка“.
Линиите 2, 16, 43 и 50 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, наместо да свртат лево, ќе продолжат право кон Скопски саем и од постојката кај хотел „Континентал“ ќе продолжуваат по своите редовни траси.
Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.
Линиите 8, 17, 19, 26, 57, 57А и 59 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, наместо да свртат лево, ќе продолжуваат право кон клучка Континентал, од каде ќе излегуваат на бул. „Александар Македонски“ и од клучка Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.
Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.
Линиите 9, 20, 35, 47, 47А, 61, 71 и 81 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“, ќе вртат десно кон Скопски саем, па кон клучка Континентал, од каде ќе излезат на бул. „Александар Македонски“, а од клучка Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.
Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.
Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“, ќе вртат десно кон Скопски саем  и од постојката кај хотел „Континентал“ ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.
Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.