Независниот кандидат Садики води пред ВЛЕН и пред ДУИ
Во Општина Студеничани, во моментот пребројани се 72,74 отсто од гласовите, а независниот кандидат Азем Садики, води пред своите противкандидати од ДУИ и од ВЛЕН.
Имено, од пребројани реќиси 73 отсто од гласовите, за Садики гласале 2.189, а за Седат Беслими од ВЛЕН – 1.760, додека за кандидатот на ДУИ, Ејуп Абази – 1.847 граѓани.
Азем Садики е роден на 1 февруари 1971 година во Студеничани. Основно училиште го завршил во основното училиште „Наим Фрашури“ во Студеничани и средното училиште во природно-математичката гимназија „Џeвдет Дода“ во Приштина. Садики ги продолжи студиите за бизнис менаџмент во Скопје на универзитетот МИТ.
Работел како сметководител во семејното претпријатие. Од 2000-2005 година бил градоначалник на Студеничани. Од 2007-2009 година бил директор на Студентски дом „Пелагонија“ во Скопје. Потоа беше реизбран за градоначалник на Студеничани за втор мандат во мандатот 2013-2017 година. Граѓаните на Општина Студеничани ја дадоа довербата да се изберат градоначалник на Студенитарани по трет пат за периодот 2017-2021 година.
Тој е оженет и има четири деца.