Незапирливо растат новозаразените во Србија, денеска 4.157
Во Србија, според последните податоци потврдени се 4.157 нови случаи на зараза со корона вирус, а починаа уште 16 пациенти.
Во болниците низ Србија се лекуваат 4.301 пациенти со Ковид-19, а 168 се на респиратор.
Тестирани биле 16.743 граѓани.
Од почетокот на пандемијата во Србија од корона вирус заболеа вкупно 466.885 лица, а починаа 4.475.
Процентот на смртност изнесува 0,96 отсто.
Во Србија се спроведува масовна имунизација на грашаните, а досега се вакцинирани 1.495.674 граѓани, од кои 592.683 ги примија двете дози.
Доктор Предраг Кон, член на Кризниот штаб инсиситира да се воведе вонредна состојба затоа што здравствениот систем „ќе пукне“.