Незапирливиот раст на Пени Мордонт во трката за наследник на Борис Џонсон

Риши Сунак и натаму е на чело на трката по најновото гласање на ториевските пратеници


Пени Мордонт

 

Пени Мордонт го намали својот јаз во однос на фаворитот Риши Сунак додека трката за наследник на Борис Џонсон на чело на владејачката Конзервативна партија во Велика Британија стана понапрегната.

Мордонт, која иницијално имаше план на долги патеки, но чија кампања зема замав во последните денови, доби поддршка од 83 пратеници од ториевците, а имаше 67 во првиот круг на гласањето меѓу пратениците.

Сунак, поранешниот министер за финансии на Џонсон, доби поддршка од 101 колега, повеќе од 88 што ги обезбеди во првиот круг на гласање.

Јавниот обвинител Суела Брејвермен, клучен кандидат меѓу „брегзитерската“ десница на ториевците, испадна од трката, оставајќи пет кандидати во натпреварот.

Секретарот за надворешни работи Лиз Трас сега има поддршка од 64 пратеници (претходно имаше поддршка од 50), поранешната министерка за еднаквост Кеми Баденох освои 49 колеги (наспроти 40), додека претседателот на комисијата за надворешни работи Том Тугендхат останува во трката откако доби 32 гласови. Тоа е помалку од 37 во првиот круг, но сепак го става пред Брејвермен, која како последнопласиран кандидат со 27 гласа е исфрлена.

Според правилата на Конзервативната партија, пратениците го имаат првиот збор на полето на претендентите, елиминирајќи го најслабо пласираниот кандидат во последователни кругови на гласање пред последните двајца кандидати да бидат ставени на гласање од поширокото ториевско членство.

Серијата анкети покажаа дека Мордонт, моментално министер за трговија, е во предност кога станува збор за преференциите на членовите, во кампања во која веќе се виде дека владините ветерани Надим Захави, Џереми Хант и Саџид Џавид беа отфрлени откако не добија доволно поддршка од колегите.

Џонсон останува во привремена функција додека трае трката за лидерство и ќе се повлече на 6 септември, откако новиот лидер ќе биде потврден на функцијата.