Невремето ја „парализира” Албанија
Невремето, проследено до обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси целосно ја „парализира” Албанија.
Улиците во градови, пред се Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза, се под вода чија висина е до 50 сантиметри.
Во Тирана ветерот откорнал големи дрвја, за што фотографија објави градоначалникот Ерион Велиај, со апел до граѓаните без неопходна потреба да не излегуваат од домовите. Во случај на птреба да се јават на телефонскиот број 112 или на апликацијат „МојаТирана”.
Поради невремето приморскиот град Валона е без електрична енергија, како и други делови во земјата.
Поради големите бранови забрането е испловување на сите видови пловни објекти долж целото крајбрежје.
Државната полиција и Агенцијата за државни патишта апелираат на посебна внимателност, по патиштата, пред се во планинските подрачја поради одрони и ерозии.
Посебна внимателност, со строго почитување на патната сигнализација, се препорачува и на автопатот Патот на Арбр (Руга е Арбрит), кој Тирана ја поврзува со преминот Блато на албанско-македонската граница кај Дебар, кого на големо го користат и македонски граѓани.