Невреме во Неготино, градот остана без струја


Силно невреме проследено со обилен дожд, грмежи, ветер и град попладнево го погоди Неготино.

Во центарот на градот од коритото се излеа Неготинска Река, а градот остана без струја.

Метеоролозите најавуваа нестабилно време за овој викенд, а вчера Битола беше погодена од невреме.