Невреме во Кичевско, град уништи род на цреши, јаготки и друго
Невреме проследено со град, ветер и силен дожд попладнево го зафати Кичевскиот регион, што траеше околу 20 минути, пишува Вечер.
– Кичево и Кичевско, попладнево ги зафати силно невреме, проследено со пороен дожд и град со големина на зрната до 4 см. Од речиси ведронебо, најпрво почна да паѓа град кој немаше завидна големина, а потоа почна да врне и пороен дожд. Делуваше помалку нестварно. Како е можно од речиси ведро небо да наиде вакво невреме. Од градот се оштетени голем број градинарски култури и овошки – вели Коста Г., претседател на земјоделско здружение.
Жители од северниот дел на Кичевско се пожалија дека градот го упропастил родот на цреши, јаготки и други култури кои зреат во овој период.