Невреме во Далмација, повеќе од 25.000 удари од гром
Делови од Далмација, Хрватска синоќа беа погодени од невреме, а на брегот и на островите во средниот Јадран поради премин на атмосферската нестабилност се случи метеоролошко цунами.
Се работи за нагли осцилации на нивото на морето поради промените во воздушниот притисок кој се случува поради атмосферското нарушување преку Јадранот.
Појавата е забележана на сите острови во среден Јадран меѓу 20 и 22 часот, а најизразени биле во Стариот град на Хвар.
Во само десет минути нивото на морето осцилирало околу два метра, а поради изразената осека, бројни бротчиња останаа на суво.
На Пељешец нивото на морето за десет минути осцилираше два метра.
Локални дождови и грмотевици забележани се на Јадранскиот брег, а за 120 минути регистрирани се повеќе од 25.000 удари на громови.
Во северниот дел на Цетинска краина силниот ветар туркал стебла.
Невремето го зафати подрачјето од Книн до планината Динара.