Невработеноста во Австрија на највисоко ниво од 1946


Пандемијата ја зголеми невработеноста во Австрија до историско ниво, според новинската агенција АПА. На национално ниво, бројот на регистрирани невработени лица се искачи на 12,2 проценти на крајот од март, бројка каква што немало од 1946 година. Во март, 52,5 проценти повеќе луѓе беа без работа во однос на истиот месец лани.

Регионот Тирол, во голема мера зависен од туризмот особено силно е погоден е од пандемијата. Тој забележа зголемување од невработеност од 199 проценти овој март во однос на истиот период во 2019 година. Сезоната за скијање на Алпите беше скратена минатиот месец кога случаите на корона вирус почнаа нагло да се зголемуваат.

Во меѓувреме, бројот на потврдени случаи во земјата се искачи на 10.192, според Министерството за здравство. Досега починале 146 лица, додека 1.095 се опоравиле.