„Невидливите“ симптоми на високиот холестерол – бидете внимателни


doctor with Blood tube test for Cholesterol test. Blood sample of patient for analysis of Cholesterol test in laboratory

Ако не знаете дека имате висок холестерол, имате ризик од срцев или мозочен удар. За да проверите дали го имате потребно е да направите тест на крвта, а има и некои други работи на кои треба да внимавате.

Многу луѓе знаат за поимот „висок холестерол“, но не знаат што всушност значи. Високиот холестерол е всушност она што се случува кога масните материи се наталожуваат во крвта.

Според британската национална здравствена служба (NHS), главната причина е прекумерното консумирање масна храна, недоволното вежбање, прекумерната тежина, пушењето и пиењето алкохол. Единствениот проблем е што нема многу симптоми, па многумина се „целосно несвесни“ дека го имаат, истакнува британската агенција за здравствена безбедност.

Но, ако не знаете дека имате висок холестерол, имате ризик од срцев или мозочен удар. За да проверите дали го имате, треба да направите тест на крвта, а има некои работи на кои треба да обрнете внимание.

Можни знаци на висок холестерол:

– Имате 40 или повеќе години
– Имате прекумерна тежина
– Високиот холестерол или срцевите проблеми се јавуваат во вашето семејство

Холестеролот може да доведе до периферна артериска болест (ПАБ), состојба која се развива кога масни наслаги се наталожуваат внатре во артериите и обично се таложат во стапалата, пишува Дејли Стар.

Симптоми на ПАБ

– Болка
– Чирови
– Гангрена
– Вкочанетост или слабост во нозете
– Кршливи, бавно растечки нокти на нозете
– Чирови (отворени рани) на стапалата и нозете, кои не заздравуваат
– Промена на бојата на кожата на нозете
– Сјајна кожа
– Кај мажите, еректилна дисфункција

Што да направите за да спречите висок холестерол:

Намалете го внесот на масна храна како пити со месо, путер и колачи
Јадете повеќе храна со незаситени масти, како лосос, леб од цели зрна, овошје и зеленчук
Вежбајте најмалку два и пол часа неделно
Престанете да пушите
Намалете го алкохолот