Невеста како муза: Антонија Ристовска со нова колекција на венчаници (галерија)


Воочи Нова година, познатата модна дизајнерка Антонија Ристовска промовира нова колекција на венчаници, “Bride 2025”, достапна за продажба во во Ателје Антонија Ристовска.

„Плетејки нова приказна на љубовта во скулптурални форми на силуети новата муза е спремна за нов почеток, искажувајќи ја својата слобода во женствен и  елегантен стил. Во чекор на возвишеност со стегната половина, отворена биста и скулптурална силуета ја отвора новата иднина. Флуидна и строга обвиткана во микадо, органза, кади и артистички рачно создадени тантели таа го ужива моментот на љубовна романса. Раскошот на материјалите и везовите со бисери и кристали ја надополнуваат женственоста на секоја венчаница“, вели Ристовска.

 

Модел: Тамара Петковска –  Модна Агенција Models IN

Шминка и фризура: Сим Салтирова

Фотограф: Жарко Чулиќ