Неверојатно видео: Украинка фрла молотов коктел од автомобил врз руски тенк


Жителите на Киев, главно доброволци, ја организираат својата одбрана и ќе се обидат да им се спротивстават на руските војници. На социјалните мрежи се појави видео на кое фрлаат молотов коктел врз руски тенк – од автомобил во движење.

Видеото покажува женска рака која што го фрла молотовиот коктел додека возилото минува покрај воениот транспортер.

Во еден момент се гледа дека пламенот го зафатил и ракавот на девојката која што го фрлила, по што таа само замавнува со раката и го гаси огнот на јакната, пренесува Дневник.хр.

Претходно беше објавено дека на пунктовите, каде се проверуваат возила, луѓето се поздравуваат со „Слава на Украина“, а тие одговараат со „Слава на хероите“. 

Десетици доброволци пристигнаа со автобуси и поставија стратешка одбранбена станица во областа Оболон во северниот дел на Киев, каде веќе се водат жестоки борби. Тројца доброволци поставија камуфлажна мрежа на воен тенк.