Неверојатниот луксуз на запленетата „јахта на Путин“ (Галерија)

Работниците кои учествуваат во обновувањето на бродот го опишаа како минијатурен пловечки град - полн со безбројни базени, спа центар, сауна, театар, салони за бал, теретана и две хелиодроми, па дури и своја болница


Еден од многуте базени на јахтата

 

Џиновската суперјахта за која се вели дека е во сопственост на Владимир Путин беше запленета од италијанските власти како дел од санкциите против Русија.

Властите во Италија соопштија дека јахтата „Шехерезадата“ вредна 700 милиони долари, долга повеќе од 140 метри и која може да се пофали со бањи, базени и две платформи за хеликоптери, била поврзана со „значајна личност“, но не ја именуваа.

Јахтата е предмет на истрага на италијанската финансиска полиција од крајот на март, а од септември се наоѓа на пристаништето на Марина ди Карара во близина на Пиза каде се ремонтира.

Објавата доцна во ноќта дојде откако се зголемија стравувањата дека „Шехерезада“ ќе отплови и ќе се упати кон меѓународните води и ќе избегне какви било можни санкции

Во последниве денови имаше наплив на активности околу јахтата, а во март поголемиот дел од рускиот екипаж бил одведен среде ноќ и заменет со британски контингент.

Дружење во луксуз покрај пијано

Јахтата е еден од најскапите приватни бродови во светот

Во соопштението на италијанската финансиска полиција се вели: „По верификацијата од фискалните власти, излезе на виделина дека постои значајна економска поврзаност помеѓу сопственикот на ‘Шехерезада’ и високи елементи на руската влада. Врз основа на овие елементи, препорачано е јахтата да биде ставена на актуелната листа на санкции на Европската унија и министерот за финансии во Рим се согласи“.

Марија Тереса Леви од италијанската финансиска полиција изјави за „Дејли мејл“: „Не сум во позиција да ви кажам кој е вистинскиот сопственик, но ние сме задоволни што јахтата треба да биде запленета и во следните неколку часа полицајците ќе се качат и ќе ја задржат“.

Капетанот на „Шехерезада“, Британецот Гај Бенет-Пирс, негираше дека Путин е сопственик, но одби да открие кој е.

Имаше тврдења дека бродот можеби му припаѓа на Едуард Худаинатов, руски нафтен тајкун кој не е погоден со санкции. Тој е поранешен претседател и извршен директор на „Роснефт“, државната руска компанија која се занимава со нафта и гас. Худаинатов е близок со Игор Сечин, сојузник на Путин и претседател на „Роснефт“.

Бродот на италијанската финансиска полиција пред закотвената јахта
Јахтата е како еден пловечки град

Но, активистите и истражувачките новинари поврзани со Алексеј Навални, затворениот руски опозициски лидер, се убедени дека таа му припаѓа на Путин.

Добиле информации кои сугерираат дека многу од екипажот на јахтата биле членови на Федералната служба за заштита, агенцијата која се грижи за безбедноста за Путин и неговите соработници и рутински летале до и од Москва со ротација на смени.

Одлуката за запленување на јахтата регистрирана на Кајманските острови дојде откако поддржувачот на Навални, Марија Певчих, објави на Твитер: „Добро момци, имаме проблем, тајната јахта на Путин од 700 милиони долари ќе ги избегне санкциите со едноставно испловување од Италија. Сега е прашање на денови. Италијанските власти не прават ништо за да го спречат тоа. Но ние треба да направиме“.

Единствениот член на екипажот кој не работел за тајната служба бил британскиот капетан Гај Бенет-Пирс, кој потврдил дека бродот е во руска сопственост, но одбил да каже кој е сопственикот.

Работниците кои учествуваат во обновувањето на бродот го опишаа како минијатурен пловечки град – полн со „безбројни базени, спа центар, сауна, театар, салони за бал, теретана и две хелиодроми“.

Бродот има дури и своја болница, велат работниците, поради гласините дека здравјето на Путин е нарушено.

Јахтата има место за 18 гости во девет луксузни кабини, покрај 40-члениот екипаж, кој престојува во 20 кабини.

Но, од нејзиното пуштање во морето во 2020 година, вистинската сопственост на јахтата е покриена во апсолутна тајност.

Работник вклучен во изградбата на јахтата изјави за британски „Сан“: „Секоја површина е мермер или злато. Има безброј базени, спа центар, сауна, театар, салони за бал, теретана, две хелиодроми. Тоа е како мини град. Постои дури и болница која има смисла кога ќе слушнете гласини дека Путин е смртно болен. Тешко е да се проголта фактот дека најневеројатниот брод на светот е во сопственост на човек кој бомбардира цивили во Украина“.