Неверојатни снимки од Турција: Дете си игра во парк, а небото зад него позеленува


На социјалните мрежи се појавија снимки од минување на метеор над Турција.

Една од снимките е направена додека се вози автомобил и покажува поминување на светлосна топка која за момент го зазелене небото. Друга снимка покажува дете на детско игралиште додека зад него небото станува зелено откако минува метеор.

Настанот се случил синоќа, а снимките се направени над градот Ерзурум и провинцијата Гумушане на истокот на Турција.

Странските медиуми јавуваат дека необичната светлина на небото се верува дека е предизвикана од метеороид кој навлегол во горната атмосфера на Земјата и се загревал со триење.