Неверојатна несреќа во Кина: Воз удри во куќа, шестмина загинаа


Товарниот воз излезе од шините во централна Кина и удри во куќа, убивајќи двајца станари и четворица членови на посадата на возот, соопштија денеска локалните власти.

Несреќата се случила во средата вечерта, а телата на загинатите се пронајдени утрото.

Фотографиите прикажуваат локомотива и 25 вагони пред пругата, во подножјето на делимично разурната зграда.

Товарниот воз превезувал алуминиум.