Неверојатен скок на цените на билетите на Мајами по доаѓањето на Меси


Лионел Меси (35) го потврди своето доаѓање во Интер Мајами, што доведе до неверојатно зголемување на цените на билетите кај препродавачите.

Првиот натпревар на Меси во МЛС би можел да биде на 21 јули, кога Мајами е домаќин на Круз Азул. Според компанијата TickPick, која продава билети, во вторникот најевтиниот билет за тој натпревар чинел 29 долари (27 евра), додека еден ден подоцна, кога било потврдено доаѓањето на Меси, скокнала на 329 долари (305 евра).

Ова е скок од 1034 проценти. Маркетинг менаџерот на TickPick, Кајл Зорн, изјави дека тоа би можело да биде најскапиот натпревар во историјата на МЛС. „Имаше инстантен скок на цените на билетите за натпреварите на Интер Мајами кога се појави гласината за доаѓањето на Меси. Со оглед на статусот на можеби најдобриот играч во светот, секогаш кога Мајами игра на гостински терен, ќе имаме рекордни цени на билетите“,верува Зорн.

Да потсетиме, на Меси му истече договорот со ПСЖ, каде не беше среќен, а како слободен играч пристигна во Интер, клубот на пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам. Иако се споменуваше враќање во Барселона, Меси изјави дека не се вратил во Барселона бидејќи сакал да се посвети на семејството и да биде подалеку од притисокот.