Нето надворешниот долг лани зголемен за 432 милиона евра, достигнал 4,3 милијарди евра


 

Народна банка информира дека на крајот на четвртиот квартал од 2022 година нето надворешниот долг изнесува 4.349 милиони евра (или 33,7 отсто од проценетиот БДП).

Нето надворешниот долг во четвртиот квартал од 2022 година е зголемен за 432 милиона евра, или за 11 отсто. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 64 проценти.

Во текот на четвртиот квартал од 2022 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 318 милиони евра и изнесува 8.151 милион евра, што претставува 63,2 отсто од проценетиот БДП за 2022 година.