„Нетфликс“ и „Сони“ ги одложија проектите со Вил Смит по шамарот на Оскарите


САД– Вил Смит, кој го изненади светот со шлаканицата упатена кон комичарот Крис Рок на сред церемонијата на Оскарите поради непримерно шегување на сметка на неговата сопруга Џејда Пинкет Смит, веќе ги чувствува последиците од своето избрзано однесување.

Имено, „Нетфликс“ бара нов режисер на филмот „Fast and Loose“ откако Дејвид Лич се повлече од проектот во пресрет на Оскарите.

Смит требаше да глуми мафијашки шеф што губи меморија, но „Нетфликс“ засега ги промени плановите.

И „Сони“ одлучи привремено да ја одложи работата на филмот „Bad Boys 4“ кој се подготвуваше во пресрет на доделувањето на наградите.

Според „Холивуд Репортер“, слични одлуки би можеле да донесат и други компании.

Во соопштението објавено на 1 април, Смит рече: „За промена е потребно време и јас сум подготвен да работам за никогаш повеќе да не дозволам насилството да надвладее над разумот“.