Речиси никој не верува дека Нетанјаху зборува вистина


Помалку од четири отсто од еврејската израелска јавност верува дека премиерот Бенјамин Нетанјаху е сигурен извор на информации за тековниот конфликт  меѓу Израел и терористичката група Хамас. Бројката е зголемена на 6,63 отсто кај десничарските гласачи. 

Спротивно на тоа, 73,7 отсто веруваат дека портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари е најсигурниот извор на информации за конфликтот.

Истражувањето е на Универзитетот „Бар Илан“ заедно со „iPanel“  за првите четири недели од конфликтот. Во анкетата учествуваа 505 Израелци кои беа претставници на еврејското население.