Нетанјаху: Ракетирањето на Газа води во војна


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека континуираното ракетирање од Газа неминовно води во војна против ектремистите во крајбрежната зона.

Тој откри дека се направени планови за напад врз Газа и додаде дека тој ќе одлучи за оптималното време на офанзивата, со оглед на неподготвеноста или неможноста на лидерите на Хамас да ги спречат нападите.

– Не сакам да започнам војна, освен ако тоа не е последно средство и не сакам да ги ризикувам животите на нашите војници и граѓаните за да добијам аплауз. Најверојатно нема да имаме друг избор освен да се бориме против терористите во Газа, рече Нетанјаху во интервју за Кан Решет Бет радио.