Нетанјаху: Израел ќе има целосна безбедносна одговорност за Газа


 Израел ќе има „целосна безбедносна одговорност“ за Појасот Газа на „неопределен период“ откако ќе завршат борбите, рече премиерот на земјата, Бенјамин Нетанјаху, пренесе Би-Би-Си.

Тој ги даде коментарите во интервју за американскиот канал Еј-би-си њуз, во кое тој, ги отфрли повиците за прекин на огнот без ослободување на заложниците земени од Хамас во нивните напади на 7 октомври.

Сепак, тој рече дека можеби се можни хуманитарни паузи.

-Што се однесува до тактичките мали паузи, час овде, час таму, ги имавме претходно. Претпоставувам дека ќе ги провериме околностите, за да овозможиме да влезат стоки, хуманитарни стоки или нашите заложници, индивидуални заложници, да заминат, додаде Нетанјаху.