„Нестле“ ќе отвори нова фабрика во Украина, ќе вработи 1.500 луѓе


Швајцарскиот прехранбен концерн „Нестле“ најави вложување 40 милиони швајцарски франци во отворање на нов производен погон во западна Украина.

„Нестле“ е една од ретките меѓународни компании кои најавија нови вложувања во Украина по почетокот на руската инвазија во февруари годинава, забележува Ројтерс.

„Ова е важен потег на „Нестле“, преземен во многу предизвикувачко време за Украина“, рече главниот извршен директор на „Нестле“ за пазарот на југоисточна Европа, Алесандро Занели.

„Целта ни е да воспоставиме прехранбено и кулинарско средиште, осигурувајќи нови работни места и подмирувајќи ги потребите на Украинците и сите европски граѓани со производи со висок квалитет“, истакна Занели.

Планира да отвори 1.500 нови работни места

Руската инвазија силно го протресе украинското стопанство, на кое според Меѓународниот монетарен фонд во оваа година му се предвидува пад од 35 отсто. Последните недели прекинот на испорака на електрична енергија се прошири низ земјата откако Русија ги интензивираше нападите на украинските електроенергетски постројки, потстува Ројтерс.

„Нестле“ веќе има околу 5.800 вработени во Украина, а планира да отвори 1.500 нови работни места во нов производен погон во Смолихив.

Новата фабрика е наменета за зголемување на производство на студени сосови, зачини, супи и инстант храна, со кои би се снабдувал домашниот и европскиот пазар.