Несреќа во Пехчево: Го прегазил сопствениот трактор откако го паркирал


Триесет и седумгодишен маж од Пехчево бил донесен со повреди во болница откако бил прегазен  од сопствениот трактор.

„Според пријавеното, откако Г.Р. го паркирал тракторот во неговиот двор, се симнал од него и во еден момент тракторот почнал да се движи и го прегазил. Потоа со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип каде од страна на лекар констатирани биле тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на настанот“, јави МВР.