Нешто мистериозно се случува – најавија катаклизма од корона вирусот во Африка, а до тоа не дојде

Научниците најавија катаклизма во Африка од корона вирусот, но до тоа не дојде. Од друга страна, Европа која има на располагање многу вакцини против Ковид-19, доволно дезинфекциски средства, далеку подобри услови во болниците и поразвиен здравствен систем, оваа недела е во „црвено“, односно, високи бројки заразени.
Во Африка пак, вакцинирани се многу малку луѓе, а мртви од Ковид-19 нема многу.
Некои велат дека тоа се должи на претежно младата популација, но и на претходни инфекции со маларија.
Порано оваа недела Зимбабве забележа само 33 нови случи со корона вирус и ниту еден смртен случај, што се поклопува со падот на нови инфекции низ целиот континет, а СЗО вели дека тој број постојано опаѓа од јули наваму.
Кога корона вирусот прв пат се појави лани, здравствените власти се плашеа дека пандемијата во Африка ќе убие милиони.
Иако, не се знае колкав ќе биде вкупниот број жртви, ова катастрофално сценарио, не се случи ни во Зимбабве, ни во остатокот од континентот.
Научниците велат дека многу тешко се доаѓа до вистинските податоци, посебно во некои земји со недостиг од контрола на болести, и предупредуваат дека овој тренд може да се врти.
Но, нешто навистина „мистериозно“ се случува во Африка што ги збунува научниците, вечи Вафа Ел Садр, шеф на Одделението за глобално здравје на Универзитетот Колумбија.
„Африка нема ни вакцини ни средства за борба против Ковид-19, како во Европа и САД, но од некоја причина им оди подобро“, вели таа.
Во Африка вакцинирани се само 6 отсто од населението.
Со месеци СЗО во своите неделни извештаи ја опишува Африка како една од „најмалку погодените региони на светот“.
Некои изстражувачи велат дека континентот избегнал смртоносни последици поради претежно младата африканска популација – просечната старост е 20, а во западна Европа за споредба 42 – како и пониските стапки на градско население и склоноста многу време да се поминува на отворено.
Неколку студии испитуваат дали постојат и други примери, вклучувајќи генетски причини или поминати инфекии.
Во петокот истражувачите од Уганда известија дека пациенти со Ковид-19 кои биле изложени на маларија имаат благи симптоми и помал ризик од смрт од оние кои не биле изложени на маларија.
„Мислевме дека ќе најдеме повисока стапка на негативни исходи кај оние кои имале маларија затоа што тоа е нешто што сме го виделе кај оние кои се заразени со маларија и со ебола“, вели Џејн Ачан, вели советникот во Конзорциумот за маларија и коавтор на студијата.
„Се изненадивме кога го забележавме токму спротивното – маларијата можеби има заштитино дејство“.
Ачан вели дека ова сугерира дека претходната инфекција со маларија може да ја ублажи тенденцијата на имунолошкиот систем на луѓето претерано да реагираат кога се заразени со корона вирус.
Студијата е претставена во петокот на состанокот на Американското здружение за тропска медицина и хигиена.
Кристијан Хапи, директор на Африканскиот центар за генетика на инфективни болести на Универзитеотт Редимер во Нигерија, вели дека властите успеале да ја свиткаат кривата и без вакцини и ги припишувата заслугите на широката мрежа здравствени работници во заедницата.
„Не секогаш е во прашање количината пари кои ги имате или колку се софистицирани вашите болници“, вели тој, пренесува АП.
Дејви Сридар, шеф на одделението за глобално јавно здравје на Универзитетот во Единбург, вели дека африканските лидери не се доволно фалени заради нивните заслуги и брзиот одговор, напоменувајќи дека Мали ги затвори своите граници и пред да стигне корона виурсот кај нив.
Сридар, инаку е познат по тоа што се залага за екстремни мерки во борбата против инфекциите.
„Мислам дека во Африка постои поинаков културен пристап и дека похумано пристапија кон корона вирусот затоа што имаа искуство со еболата, детската парализа и маларијата“, вели тој.
Јужна Африка е тешко погодена
Последните месеци, корона вирусот тешко ја погоди Јужна Афирка и се проценува дека убил 89.000 луѓе што доведува до фактот да има најмногу смртни случаи од која и да е друга африканска држава.
Но, властите во африканските земји досгеа, иако признаваат дека постојат проблеми со податоците, не пријавуваа многу жртви поврзани со Ковид-19.
Податоците на СЗО покажувата дека бројот починати во Африка е замо 3 отсто од вкупниот светски број.
Во Нигерија, најнаселената африканска земја, владата забележа само 3.000 смртни случаи од корона вирус.
“Рекоа дека мртви ќе лежат по улиците“
Заради ниската стапка на зараза, Нигеријците како Опемипе Аре (23) од Абуџа полесно дишат.
„Рекоа дека мртви ќе има насекаде по улиците, но ништо слично не се случи“, вели таа.
Во петокот, нигериските власти покренаа кампања за значително проширување на вакцинацијата на оваа западноафриканска земја против Ковид=19.
Властите планираат да вакцинираат половина од населението до февруари, што е цел која мислат дека ќе им помогне да постигнат имунитет на стадо.
Оиевале Томори, нигерсики виролог кој е член на неколку советодавни групи на СЗО, сугерира дека на Африка може нема да ѝ требаат толку вакцини како на Западот.
Тој вели дека таа идеја, иако контроверзна, сериозно се расправа меѓу африканските научници – и потсетува на предлогот на британските функционери кои минатиот март рекоа дека треба да се дозволи Ковид-19 слободно да го зарази населението, за да се изгради имунитет.
Сепак, тоа не значи дека во Африка не се потребни вакцини.
„Мора да се вакцинираме за да се подготвиме за следниот бран“, вели Салим Абдул Керим, епидемиолог од Универзитетот Квазулу-Натал во Јужна Африка кој претходно ја советуваше владата на ЈАР за Ковид-19.
„Гледајќи што се случува во Евроа, голема е можноста уште случаи да се пренесат овде.“
Влијанието на корона вирус исто така релативно е намалено надвор од Африка во сиромашните земји како Авганистан, каде стручњаците предвидоа дека епидемијата ќе биде катастрофална сред тековните судири.
Хашмет Арифи, 23-годишен студент од Кабул вели дека со месеци не видел некој да носи маска, вклучувајќи ги и гостите на неодамнешна венчавка на која присуствувал и тој со стотина гости.
На неговите универзитетски предавања повеќе од 20 студенти рутински седат еден до дргу без маски.
„Во последно време не сум видел ни еден случај на корона“, вели Арифи.
Досега Авганистан забележа околу 7.200 смртни случаи на 39 милиони жители, иако поради воените судири се спроведуваат малку тестирања, а вистинскиот број на смртни случаи е непознат.
Во Зимбабве, лекарите беа благодарни на паузата од Ковид-19, но се плашеа дека тоа е само привремено.
„Луѓето треба да бидат многу внимателни“, предупреди д-р Јоханес Мариса, претседател на Здружението на здравствени и стоматолошки приватни лекари на Зимбабве. Тој се плаши дека новиот бран од корона вирус може да ја погоди неговата земја следниот месец.
„Вирусот може да не затекне неспремни“, вели тој.(Асошиејтед прес)