Неша Галија со интимен концерт во Скопје


Фронтменот на легендарната српска рок група Галија, Ненад Милосављевиќ. познат како Неша Галија, ќе одржи утревечер од 21 часот  самостоен  концерт во живо во луксузниот комплекс Старо Буре, Кучково, покрај Скопје.

Навратете се на почетоците на рок музиката на балканските простори и уживајте во беспрекорниот автентичен глас на Неша, придружен со моќниот звук на неговата гитара.

Дојдете заедно да ги пееме хитовите на „Галија“: Додирни ме, Можда сам луд, На твојим уснама, Да ме ниси…

Билети во предпродажба  на kupi karti za se по цена од 500 денари.