Нерешено во Скопје: Македонските фудбалери одиграа 1:1 против Казахстан (фото)
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено 1:1 со Казахстан во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено 1:1 со Казахстан во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.
Во првиот дел противникот беше подобар со повеќе контрола над топката, додека нашите репрезентативци имаа повеќе шанси за постигнување гол. Воведните минути беа во знакот на гостите од Казахстан, кои ја имаа и првата шанса за водство преку Ислам Чесноков, но тој биеше над голот. Во 24. минута македонските репрезентативци за заканија преку Милан Ристовски, кој биеше по нафрлената топка од Езгијан Алиоски.
Две минути подоцна Казахстан се закани кога бекот Багдат Каиров од околу 20 метри биеше крај голот. Македонците во период од 90 секунди имаа три шанси за постигнување гол. Во 34. минута Бојан Илиевски нафрли, а Ристовски биеше, но голманот Мухамејан Сеисен спречи радост на Арената.
По корнерот Ристовски уште еднаш шутираше, но противничкиот голман повторно одбрани и исфрли во корнер и по новиот удар од аголот Ристовски со глава биеше крај голот.
На стартот од вториот дел македонските фудбалери го имаа првиот удар, но голманот Сеисен повторно го одбрани ударот на Ристовски. По грешката на нашата одбрана Казахстан поведе во 54. минута со голот на Динмухамед Караман. Македонските фудбалери одиграа одлична акција на крајот ударот на Тихомир Костадинов заврши крај голот во 61. минута. Изедначувањето 1:1 стигна во 74. минута кога по слободниот удар од 27-28.метри капитенот Енис Барди беше прецизен. Во завршницата нашите фудбалери имаа иницијатива, но успеаја да го постигнат и вториот гол, а најзрелата шанса ја имаа во 90+5 минута кога Серафимов биеше крај голот.
На другиот дуел од оваа група, Белгија како гостин го совлада Велс со 4:2. Со оваа победа Белгија изби на првата позиција на табелата со 14 бодови, Македонија има 13, а Велс остана со 10. Казахстан вечерва го освои 7 бод, додека Лихтенштајн е без бод.
Нашата репрезентација последниот натпревар го игра во Кардиф против Велс на гостински терен на 18. ноември.
(Фото: Б. Грданоски)