Нереди пред натпревар во Франкфурт, повредени 50 полицајци, настрадаа и редари и навивачи


Околу 50 полицајци се повредени како последица на нередите што се случија во Франкфурт на Мајна пред натпреварот меѓу Ајнтрахт и Штутгарт во 12. коло од Бундеслигата, пренесува „Билд“.

На четворица полицајци им била укажана лекарска помош во болница. Покрај тоа има повредени и редари и навивачи.

Судирите меѓу навивачите на Ајнтрахт и органите на редот започнаа на влезот на стадионот. Кон полицијата биле фрлени огномети и шишиња.

Натпреварот се одигра вчеравечер и заврши со победа на Штутгарт со 2:1.