Неофицијално, Лидија Бошковска ќе биде прв амбасадор во Атина


Владата на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори. Неофицијално, Лидија Бошковска ќе биде прв амбасадор во Атина, пренесува Телма. Бошковска во моментов е вршител на должноста амбасадор.

Наофицијално, Рами Реџери ќе биде амбасадор во Рим. Сашко Тодоровски амбасадор во Советот на Европа во Стразбур, а Васко Грков амбасадор во Белград.

За амбасадор во Обединетите нации во Женева е предложена Теута Демјаха, а нов амбасадор во НАТО ќе биде досегашниот советник на премиерот, за надворешна политика Дане Талески.

Листата ќе биде доставена до претседателот на Стево Пендаровски.