Неочекувано откритие и филм од 2017 г. фрлаат ново светло на потеклото на корона вирусот


 

Институтот за вирологија во Вухан, познат по своите истражувања на вирусите кај лилјаците, веќе подолго време се наведува како можен извор на ширењето на заразата.

Но, кинеските власти ги отфрлаат тие тврдења како „чиста шпекулација“ и истакнуваат дека во таа лабораторија важи високо ниво на безбедност.

Сепак, еден документарен филм, кој на државната телевизија е веќе прикажуван во 2017 година, прикажува колку лежерно се однесуваат некои соработници на Институтот во работата со корона вирусите, пишува Дојче веле и додава дека на тој филм потсетува и Тајван њуз пред доаѓањето на стручњаците од Светската здравствена организација.

Во спомнатиот филм прикажана е група научници собрани околу Ши Џенгли, позната под прекарот „Бет вумен“ во потрага по потеклото на САРС, а иако им било јасно дека лилјаците кои ги прегледуваат можеби во себе носат смртоносни вируси, некои научници за време на истражувањето во пештерата во Јуан не носат заштитна опрема.

Фатените лилјаци се прегледуваат со голи раце, а без заштита на рацете земан е и примерок од нивниот измет, кој е можен извор на зараза.

Вирологот Ќуи Џиу дури вели дека лилјак го каснал низ тенките гумени ракавици и на филмот ја покажува отечената рака, додека глас од заднина вели дека лилјаците може да пренесат бројни вируси, меѓу кои и беснило, па затоа научниците се вакцинираат против беснило пред земањето примероци.

Тој филм ненамено покажува дека мерките за безбедност баш и не се почитуваат како што треба, не само при истражувањето во пештерата туку и во лабораторија, каде лабораториските техничари не носат вистинска заштитна облека или маски, пишува ДВ.

Како што изјави Ши Џенгли, „таа работа не е толку опасна како што сите мислат“, затоа што многу е мала веројатноста од директна зараза на луѓето.

Тогаш таа појаснува дека нејзините соработници кои знаат дека лилјаците на одредено место во себе носат вирус кој би можел да премине на човекот, ги спроведуваат мерките на претпазливост, но дека во „повеќето случаи применуваат само обична заштита“.

Овој филм, се наводува, отвара прашања на кои сигурно и тимот на СЗО би сакал да пронајде одговори, затоа што шокира лежерниот однос кон безбедносните мерки.