Ненадејниот пораст на бројот на смртни случаи од Ковид-19 во петокот во Франција е статистичка грешка


И покрај негативниот „рекорд“ објавен во петокот за 123 смртни случаи од Ковид-19, немаше да има толку голем пораст на смртноста. Бидејќи во овој вкупен извештај, Јавното здравство Франција објавува податоци за 76 смртни случаи, во болниците во парискиот регион кој не беа земени предвид претходните денови, јави дописникот на МИА.

Така, во петокот се регистрирани 47 смртни случаи за еден ден, наспроти 50 во четвртокот.

Во пресрет на објавувањето на овие вознемирувачки статистички податоци за оние кои ги земаат предвид директно, агенцијата објави објаснувачка белешка на својата страница. Според неа, „една болница во Есон (91) пренесе денес (18.09.2020) скоро 240 досиеја во врска со пациенти хоспитализирани во последните месеци“.

Оттука, ажурираната статистика на тој датум, која неизбежно имаше влијание врз националниот биланс на состојбата со епидемијата. „Податоците се однесуваат на 237 досиеја за приеми, вклучувајќи 76 смртни случаи (до неделата 19 јули), што го објаснува зголемувањето на бројот на смртни случаи пријавени денес“, вели агенцијата.

Сепак во Франција вчера беа регистрирани рекордни 13215 нови случаи на заразени со Ковид-19, притоа треба да се земе предвид дека за само една недела во Франција се прават 1,2 милиони на тестови.