Нема заразени во грaдинките и во домовите за стари лица

Нема заразени со Ковид-19 меѓу вработените во градинките и во домовите за стари лица, покажа скринингот, информираат од Министерството за здравство.

Од вкупниот број направени тестови 744 во изминатото деноноќие 355 теста се во рамките на скринингот.

Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Ковид-19.

Досега со скринингот направени се 2.060 тестирања на Ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни, соопшти Министерството.