Нема веќе „Сумамед“ без рецепт


Министерството за здравство донесе одлука да се тргне од продажба лекот „Сумамед“ кој според искуствата помага за корона вирусот.

Граѓаните почнале да го купуваат во големи количества поради што Агенцијата за лекови тргнала одредено количества, а остатокот ќе се дава само на бел рецепт и на сметка на Фондот за здравство.

Од Министерството за здравство најавуваат дека за заболените од коронавирусот во земјава брзо ќе почне да се применува терапијата со кинин  и сумамед . Сега се набавува кинин и според ова Министерство обезбедени се количини за околу 10 илјади пациенти.Кининот е познат и како лек против маларија, а успешно се  применувал за ХИВ вирусот, како и за САРС.

Никој не знае како граѓаните успеале да купуваат сумамед без рецепт, со оглед што станува збор за тежок антибиотик. За кининот од Министерството велат дека не е лек што го има во оптек и не се користи во редовна употреба, поради што сега се набавува.

„За да почне да се применува таа терапија, има постапка. Тоа го дава прво како предлог Инфективната клиника, потоа треба да го одобри Комисијата за заразни болести, и на крајот Агенцијата за лекови. Првите две постапки се завршени, се очекува уште Агенцијата за лекови“, велат здравствените власти.

Против оваа болест се покажале ефикасни и терапиите против ХИВ и против САРС.Инаку, на дел од нашите пациенти им се дава и антивирусниот лек тамифлу, но не на сите, туку само на оние кај кои има потреба според медицинските протоколи. (С.Ј.)