Нема топла вода во СД „Пелагонија“, храната и хигиената лоши – Јаневска најавува назначување директор за два-три дена
Студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје се соочува со сериозни проблеми. Директорот на студентскиот дом не си ја извршува својата функција, тврди министерката за образование Весна Јаневска, денеска при посетата на Штип, прашана за состојбите во скопскиот студентски дом.
– Затоа ќе мора да преземеме чекори во најблиска иднина да побараме и да поставиме нов директор. Да, студентите се жалат дека нема топла вода, дека храната е навистина на ниско ниво и не можеме да дозволиме неодговорни луѓе и понатаму да си играат со судбината на студентите – рече Јаневска.
Појасни дека се обезбедуваат средства од буџетот, од граѓаните, а раководителите мора сериозно да си ја сфатат работата. Јаневска очекува во два-три дена да се реши проблемот.
Инаку, дел од студентите кои се сместени во овој студентски дом велат дека условите за живот во него се под сите критериуми. Се жалат дека немаат топла вода, лифтовите се нефункционални, ахигиената и исхраната се на лошо ниво.
Домот е без директор веќе еден месец, откако претходниот поднесе оставка, што ја отежнува администрацијата и решавањето на проблемите.
Студентите бараат итно назначување на нов в.д. директор и подобрување на условите за живот.
Овие околности не влијаат само на академскиот успех, туку и на психолошкото здравје, зголемувајќи го чувството на немоќ и занемареност кај студентите.
Министерството за образование најави дека новиот в.д. директор ќе биде назначен оваа недела.