Нема штрајк во „Луфтханза“, постигнат е договор за платите

Штрајкот на пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ најавен за денеска нема да се одржи, бидејќи е постигнат договор во преговорите за платите, пренесоа германските медиуми.
За време на првиот штрајк, минатиот петок, „Луфтханза“ мораше да ги откаже речиси сите летови. Повеќе од 800 летови или 130.000 патници беа погодени.
Тој штрајк ѝ нанел штета на „Луфтханза“ од 32 милиони евра, тврдат од компанијата.